По три месеци од појавување на првиот случај од Ковид-19, животот полека се враќа во нормала. Полицискиот час со одлука на Влада се укинува, а од утре отвараат кафулињата и кафаните. Се очекува и отварање на градинките од 15ти jуни, по завршувањето на скрининг процесот.

Секако следува и отварање на границите, кое сеуште не е решено кога ќе започне.

За почеток кафулињата и кафаните ќе можат да примаат и услужуваат гости само на нивите тераси, почитувајќи ги претходно утврдените протоколи за работа.

Им посакуваме успешен рестарт и желба за побрзо опоравување.

Како портал велесденес.мк им стоиме на располагање на сите угостители за промоција на нивните локали.