Фото: Емагазин

Лабораторијата на приватната клиника „Жан Митрев“ направила грешка во резултатите на тројца пациенти, двајца од Скопје и еден од Битола. Резултатите покажале дека лицата се позитивни, а всушност биле негативни на ковид-19.

Од „Жан Митрев“ испратиле исправка до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за тестирањата на тројцата пациенти чии тестови се правеле на 24 април

Како што информира Министерството за здравство, трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот.

Кај трите лица лабораторијата во ‘Жан Митрев’ уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни, велат од Министерството.