На потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред с.Згрополци утринава во 4 часот локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди.

-Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес, информираат од МВР.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.