Започнаа политичките активности по повод предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе се одржат на 15 јули. Денес своја прес конференција имаше, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравсковски.

Ви ја пренесуваме во целост неговата прес конференција:

Полека но сигурно ги одбројуваме последните денови од владеењето на оваа безидејна и лицемерна владејачка гарнитура предводена од СДСМ.

Повеќе од очигледно е она што веќе трета година го гледаме, а тоа е нивната неспособност и негрижа за граѓаните олицетворена и во управувањето на нивните локални функционери кои за жал освен празни зборови, лаги и ветувања не донесоа ниту една капитална инвестиција во Велес и не реализираа ниту еден капитален проект. И кога ретроспективно ќе погледнеме за да  сумираме, нивното работење се сведува на ништо. Затоа што тие ништо не направија за Велес и велешани.

Не знам како и со кое лице тие ќе излезат пред Вас и повторно ќе браат поддршка. Но кога ќе дојдат да ве убедуваат дека го заслужуваат вашиот глас побарајте им неколку аргументи зошто да гласате за нив. Кога ќе дојдат да го бараат вашиот глас прашајте ги:

  • До каде е катната гаража во центарот на Велес?
  • До каде е гасификацијата на Велес?
  • До каде е изградбата на колкторски систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во Велес?
  • Каде се енергетско – ефикасните покриви во детските градинки и училиштата?
  • Каде е трговско-деловниот објект „Градски саат“?
  • Каде е затворениот базен за пливање?

Прашајте ги што реализираа од нивниот План за живот и што направија за вас како граѓани.

Кога ќе дојдат да ја бараат вашата поддршка прашајте ги кои инфраструктурни проекти ги реализираа и прашајте ги:

  • До каде е изградбата на автопатот Велес-Прилеп-Битола- Меџитлија?
  • Се направи ли реконструкција на регионалниот пат Велес- Богомила?
  • Реконструиран ли е стариот пат Велес – Градско?
  • Каде се соларните железнички станици и до каде е реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 10 и 10д (Велес, Чашка, Богомила)

Мои велешани,

Парадоксот на нивните уверувања и убедувања е во тоа што тие сакаат да мислите дека сме исти и не можат да се помират со вистината дека ние се разликуваме. Нив ги боли тоа што ова ВМРО-ДПМНЕ е различно со СДСМ. Ние тоа сме го докажале и покажале, а сега уште посилно ќе го покажеме.

Доста ни е на сите од оваа неспособна и корумпирана власт. Граѓаните сакаат проекти, сакаат дела, а не криминални тендери и штетни одлуки. Доста ни е од неправди и неработници, од политичари кои водат некрофилска политика, а ни донесоа само порази и предавства.

Доста ни е од политички, здравствени и економски кризи кои ги има секогаш кога СДСМ ја има власта.

Затоа слободно побарајте им аргументи! Тие ви ги должат одоговорите.

Но тогаш кажете им дека на Македонија и на Велес им е потребна обнова. Кажете им дека на велешани им требаат подобри и поспособни работници кои имаат визија и план, луѓе кои ја сакаат Македонија, кои го сакаат Велес, луѓе кои знаат што е подобро. Луѓе кои ќе донесат правда и промени.

Кога ќе дојдат да ја бараат вашата поддршка, кажете им дека 15 јули е денот кога треба да се плати казната за се она што ни го сторија.

Кажете им дека Обновата доаѓа, а Обновата ја носи едно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое денеска го одбележува својот јубилеен триесети роденден во борбата за Македонија.

Лицемерно е да одите да барате поддршка со 0% реализација

Лицемерно е да одите да барате поддршка со 0% реализацијаПочитувани сограѓани,Полека но сигурно ги одбројуваме последните денови од владеењето на оваа безидејна и лицемерна владејачка гарнитура предводена од СДСМ. Повеќе од очигледно е она што веќе трета година го гледаме, а тоа е нивната неспособност и негрижа за граѓаните олицетворена и во управувањето на нивните локални функционери кои за жал освен празни зборови, лаги и ветувања не донесоа ниту една капитална инвестиција во Велес и не реализираа ниту еден капитален проект. И кога ретроспективно ќе погледнеме за да сумираме, нивното работење се сведува на ништо. Затоа што тие ништо не направија за Велес и велешани.Не знам како и со кое лице тие ќе излезат пред Вас и повторно ќе браат поддршка. Но кога ќе дојдат да ве убедуваат дека го заслужуваат вашиот глас побарајте им неколку аргументи зошто да гласате за нив. Кога ќе дојдат да го бараат вашиот глас прашајте ги: ⮚ До каде е катната гаража во центарот на Велес?⮚ До каде е гасификацијата на Велес?⮚ До каде е изградбата на колкторски систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во Велес?⮚ Каде се енергетско – ефикасните покриви во детските градинки и училиштата?⮚ Каде е трговско-деловниот објект „Градски саат“?⮚ Каде е затворениот базен за пливање?Прашајте ги што реализираа од нивниот План за живот и што направија за вас како граѓани. Кога ќе дојдат да ја бараат вашата поддршка прашајте ги кои инфраструктурни проекти ги реализираа и прашајте ги:⮚ До каде е изградбата на автопатот Велес-Прилеп-Битола- Меџитлија?⮚ Се направи ли реконструкција на регионалниот пат Велес- Богомила?⮚ Реконструиран ли е стариот пат Велес – Градско?⮚ Каде се соларните железнички станици и до каде е реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 10 и 10д (Велес, Чашка, Богомила)Мои велешани,Парадоксот на нивните уверувања и убедувања е во тоа што тие сакаат да мислите дека сме исти и не можат да се помират со вистината дека ние се разликуваме. Нив ги боли тоа што ова ВМРО-ДПМНЕ е различно со СДСМ. Ние тоа сме го докажале и покажале, а сега уште посилно ќе го покажеме.Доста ни е на сите од оваа неспособна и корумпирана власт. Граѓаните сакаат проекти, сакаат дела, а не криминални тендери и штетни одлуки. Доста ни е од неправди и неработници, од политичари кои водат некрофилска политика, а ни донесоа само порази и предавства.Доста ни е од политички, здравствени и економски кризи кои ги има секогаш кога СДСМ ја има власта.Затоа слободно побарајте им аргументи! Тие ви ги должат одоговорите.Но тогаш кажете им дека на Македонија и на Велес им е потребна обнова. Кажете им дека на велешани им требаат подобри и поспособни работници кои имаат визија и план, луѓе кои ја сакаат Македонија, кои го сакаат Велес, луѓе кои знаат што е подобро. Луѓе кои ќе донесат правда и промени.Кога ќе дојдат да ја бараат вашата поддршка, кажете им дека 15 јули е денот кога треба да се плати казната за се она што ни го сторија.Кажете им дека Обновата доаѓа, а Обновата ја носи едно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое денеска го одбележува својот јубилеен триесети роденден во борбата за Македонија.Ви благодарам за вниманието.

Gepostet von Игор Здравковски am Mittwoch, 17. Juni 2020