Дел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост.

Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне до брегот на Езерото. Патеката продолжува и до соблекувалните и просторот за туширање. Од двете страни на патеката се поставија клупи. Донесен е и поставен сепариран песок на плажата, каде се поставени и десет чадори од трска.

За децата комплетно да можат да се забавуваат и уживаат се оформи катче со урбана опрема (лулашки, клацкалки и лизгалка).

За урбано користење на плажата се обезбедија мобилни тоалети, поставени на новоизведениот паркинг простор кои се приспособении за користење од страна на лицата со попреченост.

Денивелацијата помеѓу паркингот и плажата е совладана со бетонски скали со ракофати, а веднаш до нив се поставени две туш кабини и една соблекувална.

За прибирање на водите од туш кабините се изгради попивателен бунар, а на тревнатите површини се постави систем капка по капка кој ќе овозможи да има зелени тревнати површини во поголемиот дел од годината.

„Уредивме површина од вкупно 5.000м2. Од страна на општествено одговорната компанија ‘ПАКОМАК’ добивме донација и поставивме шест контејнери за одложување на стакло, хартија и пластика и десет помали корпи за отпадоци, за што јавно се заблагодарувам и до управителот на фирмата, Филип Ивановски”, изјави градоначалникот Коцевски.

Градоначалникот Коцевски искажа благодарност до директорите на ЈКП „Дервен” и Казнено поправниот дом од Велес, Антонио Јовиќ и Марија Цветковска, до вработените во претпријатието, до затворениците, како и до вработените во општинската администрација кои се вклучија во реализацијата на овој проект

Воедно, тој упати апел до сите посетители на плажата за разумно користење на истата, но и да се грижат за животната средина.

Општина Велес со последната измена на Програмата за уредување на градежно земјиште обезбеди сопствени буџетски средства во износ од 1.000.000,00 денари наменети за уредување на т.н. Прва плажа на езерото „Младост”.

УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТДел од крајбрежниот појас на велешкото езеро…

Gepostet von Општина Велес am Freitag, 31. Juli 2020