Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден во вечерните и ноќните часеви била вршена контрола на мотоцикли, на целата територија што ја опфаќа СВР Велес.

При тоа биле регистрирани вкупно 52 прекршоци, од кои највеќе од нив во Кавадарци.

На 29.07.2020 год. во периодот од 20.00 на 29.07. до 02.00 часот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на мотоцикли, при што, во Велес се регистрирани и санкционирани 20 прекршоци, во Кавадарци 27 и во Неготино пет прекршоци.“ – стои во соопштението на СВР Велес.