Вкупно 14 припадници на МВР и полицајци се заболени од корона вирус. Најмногу 7-мина се припадници на Единицата за брзо распоредување-ЕБР. Припадник на 6-тата управа односно на ОЗОЛО во МВР, со задача во кабинетот на претседателот Пендаровски исто така е заболен, како и еден специјалец од единицата Тигри. 3-ца вработени во СВР Скопје и 2 од СВР Тетово, се на листата заболени полициски службеници, дознава Телма.ком.мк

За случајот со Охрид каде седум припадници на ЕБР заболеа, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека полицискиот кластер потекнал од полицаец од Велес којшто отишол во Охрид за обезбедување на државен карантин со повратници од Ломбардија незнаејќи дека е заразен. Најголем дел од заразените полицајци се од внатрешноста.

Охридскиот случај предизвика и самоизолација за уште 21 припадник на полицијата, како и за 14 професионални војници на АРМ кои биле во истото полициско одмаралиште заедно со полицајците.

Од двете министерства не одговорија од која униформирана единица и колку специјалци Тигри (МВР) и Волци(АРМ) ја користат мерката за чување деца или се на одмор. Одговор не ни беше даден поради „навлегување во класифицираност на податоците во која спаѓа бројната состојба на единиците која е дел од борбената готовност“- гласеше одговорот од одбрана и од армијата.

Целиот прилог прочитајте го на Телма.ком.мк