Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата „ЗокиПоки.мк“  и на официјалниот „Јутјуб“ канал.

Главна улога во серијата „Зоки Поки“ ја игра Матеј Насетевски, кој е петтооделенец во ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје. Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

До почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ подготви двеминутно видео преку кое децата можат да се запознаат со детето Матеј, кој го игра Зоки Поки. (МИА)