Поранешниот репрезентативец на Шведска, Фредрик Ларсон го загуби животот во сообраќајна несреќа, информираше ракометната федерација на „Трите круни“, пренесе ДРИБЛИНГ.

Ларсон додека возел велосипед бил удрен од камион и веднаш починал на самото место.

Дресот на репрезентацијата на Шведска го носеше на едно ЕП и СП, за „Трите круни“ запиша 36 настапи, постигна 52 гола.

Во клупската кариера играше за Шевде, Хамарби, Истад, Савехоф и Алингсас. Во странство настапувашеза  шпанскиот Арагон и бундеслигашот Гумерсбах, кариерата ја заврши пред четири години.