Воведувањето на акцизата од три денари за погонските горива е неопходна анти кризна и анти корона мерка и тука нема ниту политиканство ни калкулантство.

Цената на горивата е за 20 денари пониска во однос на почетокот на годинава  и не може да стане збор за никаков голем потрес е ставот на министерот за транспорт Сугаревски кој не го оспорува правото на транспортерите да го изразат своето незадоволство и да ги достават своите барања. Според него уредбата за воведување акциза има и механизам за укинување. Во неа стои ако цената на нафтата се зголеми за 10 денари за еден денар ќе се намали акцизата, ако зголемувањето е за 20 денари за 2 денари ќе се намали акцизата и кога цените на нафтата ќе се вратат на старото ниво оваа акциза ќе биде укината.

Транспортерите остануваат на одлуката во вторник од 12 часот со своите камиони, автобуси и други превозни средства да одржат протест пред владата за што чекаат само одобрение од МВР. Според нив ако државата сака да воведе антикризна мерка тоа треба да го помогне целото стопанство со тоа што ќе воведе данок со различна висина од 05 до 2% во зависност од остварената добивка на компаниите од сите сектори а не вака само транспортерите да го понесат товарот. До скоро прогласувани за кризни херои кои го одржаа снабдувањето на потребите работи, сега транспортерите соочени со намален обем на работа и до 70%, постојаната инвестиција во нови возила и борба за задржување на вработените во намалената цена на нафтата гледаа спас за да ја пребродат кризата.

На удар од новите цени на нафтата е и земјоделството сектор кој покрај здравството и транспортот е клучен, за производство на доволна храна. Во време кога се и најголемите инвестиции за дизелот за пролетните орања зголемувањето на инвесициите може голем дел од нивите да ги остави празни. За да се задржи нивото на производството на храна воведувањето на акцизата требаше да биде проследено со поделба на картичките за зелена нафта сметаат земјоделците.