Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Ув индексот ќе изнесува 5

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и посвежо со повремени врнежи од дожд. Исто така и во среда ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.