Според најавите на Управата за хидромотеоролошки работи не очекува променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ индексот ќе изнесува 7, а дневните температури ќе се движат од 9 до 23 степени.

Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.