Во сабота во утринските часеви ќе има појава на повремен дожд велат од УХМР. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6, а температурите ќе движат помеѓу 13 и 24 степени.

Потоа ќе следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а претежно попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.