Според Управата за Хидрометеоролошки работи утре не очекува сончево време со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ индексот повторно ќе изнесува 7 а температурите ќе се движат од 14 до 27 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР предупредуваат дека поради  влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.