Возачот Карол Золт Кис возел автобус кога забележал дека лопов нападнал старица која се движела со помош на бастун и се обидел да ја ограби. Надзорната камера од автобусот го снимила моментот кога тој без двоумење скокнал од возилото и го избркал напаѓачот.

Карол инаку е поранешен војник и не само што ја спасил старицата, туку лоповод за кратко бил и уапсен.