На денешната прес конференција, на која се обрати портпарлот на општинскиот комитет Филип Арилон истакна дека учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ немаат греење и учениците посетуваат настава во ладни учелници, заради економска неисплатливост, бидејќи се користеле само неколку училници.

Дали здравјето на децата, во време кога почнуваат сезонските грипови и Ковид пандемијата зема се поголем замав, е побитно од економската исплатливост? Дали за ова ја информиравте министерката за образование Г-ѓа Мила Царовска која минатата недела беше во Велес, и дали таа можеби понуди решение? Што планирате да направите за децата и наставниците да не премрзнуваат за време на наставата?, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Арилон

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека до сега и локалната, но и државната власт имаа доволно време да најдат решение за овој проблем, исто така, изминатиот период со одложената настава, можеа да обезбедат локални системи за греење во секоја од училниците каде се одвива настава со физичко присуство, но и во просториите од каде наставниците одржуваат онлајн настава. Или да го прилагодат системот за централно греење според капацитетот и потребите.

Од ВМРО- ДПМНЕ бараат брза реакција и одговор по однос на ова прашање и дека децата и професорите не смеат ни ден повеќе да одржуваат настава во ладни простории.

Исто таа побараа и целосно да го истражи Државниот просветен инспекторат и доколку тврдењата на загрижените родители се точни, бараат одговорност од надлежните.