18 C
Veles
четврток, 22 октомври, 2020 | 17:33

Во Велес викендов четворица не го почитувале полицискиот час

66

Секторот за внатрешни работи во Велес викендов регистрирал најмногу прекршувања на полицискиот час, ноќта меѓу 1 и 2 мај имало вкупно шест прекршувања, од кои четири во Велес и по еден во Кавадарци и еден во Неготино.

Како што информира портпарпчпт Верољуб Додевски, по 4 прекршувања имало и ноќта меѓу 30 и 1 мај, од кои по еден во Велес и Кавадарци, и двајца во Неготино. Синоќа по две прекршители биле во Велес, а во Кавадарци и Неготино немало.

Најмалку двајца прекршители на полицискиот час имало ноќта на 2 и 3 мај, и тоа двајца по еден во Велес и Неготоно во Кавадарци немало.

На 2 и 3 мај има 31 нови регистрирани лица со Решенија за изолација сите во Велес, и тоа дента кога во Велес во ЈЗУ Центар за јавно здравје беа регистрирани шест нови случаи на Ковид-19. Со изјава за самоизолација има 8 нови лица, и тоа 7 во Велес и еден во Неготино. Во изолација има вкупно 113 лице, од кои 83 во Велес, 6 во Кавадарци и 24 во Неготино. Со изјава за самоизолација има вкупно 59, од кои 36 во Велес, 10 во Кавадарци и 13 во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.