Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 милион и 215 илјади, во градско-приградскиот превоз 15 милиони и 277 илјади, во железничкиот превоз 93 илјади, додека бројот на превезените патници во  воздухопловниот превоз изнесува 429 869.

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 7.6 %, во железничкиот превоз е зголемено за 0.7 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 6.4 %.