Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес

Се работи за 4 лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на инфективното одделение во општата болница во Велес; 4 лица членови на семејство на лице вработено во трговска дејност; 2 лица вработени во трговскиот сектор и 2 лица вработени во Центарот за јавно здравје – Велес.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 55 лица од кои 4 излечени, 3 смртни случаи и 48 активни.

Поради новонастанатата ситуација пунктот на Центарот за јавно здравје – Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот.