Една од најголемите музички ѕвезди во регионот, Дино Мерлин стана дедо за првпат , потврдуваат негови блиски пријатели.
Имено, неговиот син Хамза и снаата Џанета го добија првиот син за кого го одбраа името Незир.
Потсетуваме, синот на Дино Мерлин, Хамза се венчаше претходната година со Џанета, а нивната љубов трае од средношколските денови.
Тие беа во врска седум години, а синот го доби името по прадедото Незир, таткото на сопругата на Мерлин.