Читател до редакцијата на КУРИР испрати фотографија од автопатот Скопје-Велес на кој сообраќајот отежнато се одвива поради крави и волови на патот.

Нашиот читател кој во моментов поминува на автопатот, апелира и до сите возачи да внимаваат доколку се движат од Скопје кон Велес.

Инаку оваа слика е речиси секојдневие на патиштата во Македонија, додека надлежните не преземаат никакви мерки за да обезбедат заштита првенствено на учесниците во сообраќајот, а потоа и на самите животни.

Извор :