Влатко Стефановски во време на коронакризата работи на мемоарите и подготвува албум. Ова го откри во онлајн интервју, каде вели дека со синот Јан на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара работи на нов материјал од кој веќе реализирале10 матрици, кои како што вели се весел материјал, како контратежа на овие тешки времиња.

Останува уште да ги допише текстовите, да ги сними вокалите, и да се смикса материјалот. Имаат и наслов за албумот -ќе се вика „Тафталиџе shuffle“, како животна посвета на неговата населба.

Но, албумот не е динственото нешто на кое работи Влатко во ова време. Тој вели дека почнал да пишува мемоари и веќе напишал петнаесеттина приказни, внимателно проверувајќи ги датумите, имињата, местата…, за кои пишува.