Секојдневно гледаме намалување на бројката на заразени од Ковид 19 во Македонија, и најавите од здравствените власти за смирување на епидемијата во Македонија, во Велес станува загрижувачка.

Во вторникот министерството за здравство објави 4 нови случаи, додека пак вчера 5 лица заболени од коронавирусот. Бројката на нови лица заболени од Ковид 19 денес е 9 лица, според информациите од кризниот штаб, кој денеска имаше состанок во општина Велес.

Вкупно заразени до сега во Велес има 95 наши сограѓани, а тројца за жал го изгубија својот живот.

Според епидемиолошките анкети поголем број од ново заразените се вработени или пак имале контакт со вработени од една конфекциска фирма, за која и пишувавме пред неколку дена. Дел од ново заразените се и од општина Чашка.

Медиумите, и ние како портал, апелиравме за состојбата во велешката конфекциска фирма, но локалните власти тогаш немаа одговори на овие прашања.

Се поставува прашањето дали од нестручната работа во Центарот за јавно здравје Велес, која беше забележана од Државниот здравствен и санитарен инспекторат пред 10 тина дена, денес ги гледаме последиците.

Зошто локалните власти ги олабавија мерките за заштита од коронавирусот? Зошто беа отстранети прскалките за дезинфекција на возилата на влезовите во градот?

Градоначалникот на својата последна прес конференција се пожали за несоодветен третман од страна на централните власти. Коцевски се жалеше за недоволна помош од страна на Владата и дека Велес е целосно занемарен.

Исти вакви изјави имаше и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, пред повеќе од еден месец. Куманово стана второто жариште во Македонија, после Дебар.

Да се надеваме дека Велес, нема да биде новиот Дебар или новото Куманово.