Честите случаи на неносење маски за лице и друга заштитна опрема, коишто секојдневно се прикажуваат на медиумите ги натера здравствените власти на утрешната владина седница да поднесат барање – санкциите за прекршување на одлуката за задолжително носење заштитна опрема при излегување од домот да почне да се казнува.

Изминативе денови беше забележано дека граѓаните или воопшто не носат маска таму каде што треба или несоодветно ја носат. Затоа Комисјата за заразни болести предложи санционирањето да почне веднаш. Јас утре овој предлог ќе го доставам на владината седница и се надевам дека најдоцна од вторник ќе почне казнувањето. Мора да се почитуваат овие мерки оти само така ќе имаме резулати во борбата со ковид-19“, изјави денеска на онлјан-прес конфренцијата Филипче.

Казната за неносење заштитна маска за физички лица е 20 евра. 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот, пишува во уредбата која ја донесе Владата.