Владата неодамна се поднови со најнов модел на Мерцедес, и тоа луксузна верзија, кој чини околу 250 000 евра, а во кој денес владини функционери пристигнаа на лидерската средба во кабинетот на претседателот во Вила Водно.

Овој модел на мерцедес во САД чини околу 200 550 долари и тоа во основната верзија.

Во време на здравствена криза, нашата влада решила да го поднови својот возен парк. За истиот ваков чекор, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ купи мерцедец, за кој јавноста и тогашната опозиција бурно реагира, кој ветуваа дека ќе го продадат кога ќе дојдат на власт и дека од парите ќе купат амбулантни возила. Тој мерцедес сеуште се користи и не е продаден, а сега друштво му прави и најновиот модел на мерцедес, купен пред само неколку недели.

Извор:курир.мк