Министерството за финансии на денешната владина седница предложи, а Владата прифати, преку онлајн обложување да се промени традиционалниот начин на игри на среќа. Според информациите до кои дојде Алсат, нашиот извор вели дека ова ќе биде прв чекор до затворање на уплатните места, но министерката за финансии Нина Ангеловска тоа го негира.

Таа вели дека се работи за подобрување на регулативата за функционирање на оваа дејност и за воведување на нови принципи на работа особено по стапувањето во сила на вонредната состојба во земјава и пандемијата со коронавирусот.

„Ова предлог решение ќе се најде на владина седница, ќе се дискутира за истото. Би сакала да потенцирам во духот на транспарентноста за коешто говоревте, околу 40 милиони евра се прибираат во буџетот по основ на онаа посебна давачка којашто ја плаќаат овие приредувачи на игри на среќа, којашто изнесува 23 отсто – или 20 отсто за буџетот, 3% се делат во другите институции“; рече Ангеловска.

Целиот текст прочитајте го на Алсат-м