Во текот на изминатиот период од 66 дена на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес (зедно со Кавадарци и Неготино) 272 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во период 27/28.05.2020 год. има едно ново регистрирано лице со Решенија за изолација во Велес, а со Изјава за самоизолација има пет нови лица во Велес.

Вкупно со Решение во изолација има 82 лица, од кои 58 во Велес, 11 во
Кавадарци и 13 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно шест лица сите
во Велес.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.