За оние кои планираат да патуваат, особено оние кои користат евтини летови на компанијата Визер, доаѓаат и првите информации дека Визер започнал со летови на редовни линии. Засега, тоа се само неколку дестинации но, наредните денови листата ќе се шири и на други градови.

Од најблиските аеродроми до нас почнаа со работа во Бугарија. Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се се во фубкција веќе недколку денови.

По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот. Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на Ковид-19.