Витамин Б комплекс претставува група од околу 10 витамини кои се особено важни за луѓето што имаат проблеми со опаѓање на косата, кршливи нокти, проблеми со сува кожа.

Се препорачува и за луѓе кои активно се занимаваат со спорт. Има позитивен ефект при алергии и психички болести. Оваа група витамини ги има најмногу во свинското месо, млекото, јатките, јајцата, зрнестите храни, црниот дроб.

Б витамините се најактивни кога се земаат комплексно.  Витаминот Б1 има влијание врз мускулниот и нервниот систем, ја подобрува функцијата на мозокот, па поради тоа често е нарекуван „духовен витамин“.  Пушачите, луѓето кои употребуваат алкохол и шеќер, бремените и оние кои дојат имаат голема потреба од од оваа група витамини.