Вистинска сцена од акционен филм се случувала ноќеска на автопатот Велес- Гевгелија.

Околу 21:30 часот вчера две возила, „ауди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки пренсувајќи мигранти возеле во спртивна насока по автопатот. Тие одриле во друго патничко возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(58) од Неготино.

Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила.

Со тешки телесни повреди се здобила В.Н.(53) од Неготино, сопатничка во возилото „корса“, која била пренесена во болницата во Неготино за укажување на лекарска помош.

Но тука не застанува оваа филмска случка. Додека траел увидот на местото на сообраќајната несреќа, околу 01:15 часот, друго патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, не застанало на две патроли, удрило во возилото „опел корса“ и продолжило со движење, а по еден километар возачот застанал и го оставил возилото и со патниците побегнале.

Од страна на МВР изјавуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.