Во дневниот извештај на СВР Велес, информираат дека викендов две лица биле каснати од кучиња. Овој пат не се работи за кучиња скитници, туку напротив за домашни миленичиња.

Во саботата околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Ризо Ризов“ во Велес, Ѓ.П.(57) бил каснат од две кучиња – домашни миленици.

Истата вечер истотака било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Димиторв“ во Велес, А.Л.(41), додека го шетал кучето, бил каснат од друго куче – домашен миленик.

Се работи за расчистување на двата случаи, велат од СВР Велес.