Со месеци, велешани кои живеат на Прцорек секојдневно се жалат дека не можат да поминуваат по раскопаната улица Богдан Каракостев. Од јануари месец, откако се менуваше водоводната мрежа на овој дел од градот, оваа улица остана раскопана.

По денешното краткотрајно невреме, улицата Богдан Каракостев остана отсечена од градот. Жителите од овој дел на социјалните мрежи се жалат дека не можат возила да поминат. Тие велат, не дај боже да затреба да помине Брза помош или пожарната.

Ги повикуваат локалните власти да се реши овој неколку месечен проблем. Денешните последици од невремето се преливање на чашата, пишуваат велешани по социјалните мрежи.

Видео од последиците од последиците од денес, на улицата Богдан Каракостев

Немојте да не мислите вие шо избегавте од Македонијава овде супер ни е, не гледаат к'о луѓе да сме 🙂

Gepostet von Иле Махлијанов am Mittwoch, 17. Juni 2020