Припадниците на Противпожарната Единица-Велес денес ја покажаа својата голема хуманост. Покрај тоа што добро се справуваат со пожарите кои за жал ги имаше многу во последниот период, тие денес направија и многу хумано дело како дел од нивната работа и добија многу позитивни реакции на социјалните мрежи.

По пријава на здружението за заштита на животните, тие спасија двомесечно куче кое било фрлено во дупка со подземни канали во близина на Градскиот Парк.

Од здружението за заштита на животните им упатија јавна благодарност а истовремено и направиле видео снимка од тоа како траело спасувањето. Малото куче во моментов е згрижено и се наоѓа во сигурни раце.

Погледнете

Јавна благодарност за пожарникарите од Противпожарната Единица-Велес за спасување на двомесечно куче кое беше фрлено во дупка со подземни канали од десетина метри во Градскиот Парк.Кучето е на сигурно и згрижено!❤️

Gepostet von Animals' Voice – Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС am Samstag, 2. Mai 2020