За Манасков постигнувањето на голови беше најлесна работа во ракометната игра. Нашиот Пепи беше кошмар за противничката одбрана, голманите со ноќи не спиеја пред и по средбата со него, а за многумина тој е најдобриот ракометар кој некогаш го имала нашата држава.

Македонскиот ракомет може да се пофали со голем број легенди, со ракометари кои оставија незаборавен трага дома и во странство, но ретко кој може да се пофали со кариера како Пепи Манасков. Велешкиот „бомбардер“ беше гол-убиец и во својата ера се сметаше за еден од најдобрите леви бекови во светот.

Кариерата ја започна во матичниот Борец, од каде во 1983 година се пресели во Пелистер.

По седум години минати во Битола, се реши за прв интернационален предизвик и преселба во Франција во Кретеј, а својот врв на кариерата го имаше во најсилната Бундеслига во редовите на Хамел. За Македонија играше 15 години, беше дел од премиерниот настап на нашата држава на Светското првенство во Египет, а во репрезентативна пензија замина во 2006 година.

Неговата работа ја наследија и неговите двајца синови, Дејан и Мартин.

Дека беше неверојатен бек и ракометар кој можеше да погоди од секоја позиција, без разлика колку противници имаше пред себе

Погледнете го видеото со најдобрите моменти од кариерата на нашиот Пепи Манасков