Денес во населбата Поток во Велес беше организирана свадба.

До нашата редакција денес беше испратено видео од веселбата во Потокот.

И покрај мерките и препораките на здравствените власти да нема поголеми групирања и собири, денес во Велес се организираше веселба.

Државните здравствени власти препорачаа сите веселби да бидат откажани наредниов период, но за велешани ова денес не важеше. Веселбата беше по улиците низ Потокот.

Им посакуваме се најубаво на младите, но пред се е здравјето на граѓаните.