За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција на почетокот од октомври ќе влезе во срцето на Солунска глава за да ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“. Оваа пештера за прв пат е откриена 1968 година од страна на друштвото „Пеони“, но до сега во неа немаат нуркано македонски спелеолози. Пештерата ја имаат посетено 3 странски експедиции, последен пат во 2014-та година кога Словачки тим влегол 2,5 км под земјата и открил 3 големи езера. Сега идејата ја реализираат клубот „Врело“ од Скопје и Македонската спелеолошка федерација.

„Ќе се истражува после третото езеро. Станува збор за три сифони. Првиот сифон, па нуркаме потоа имаме околу 500 метри, каде што мора се пешачи во пештерата заедно со целата опрема за нуркање, боци итн. Потоа следува второто езеро и на крајот е третото езеро, после кое никој нема истражувано, ниту странска, ниту наша експедиција“, рече Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

Спелеолозите велат дека станува збор за премногу тешка експедиција. Спелеонуркањето била една од најризичните работи со кои можело човек воопшто да се занимава. Тесни простори, насекаде остри карпи, а често знаело водата да се замати во неколку секудни и буквално ништо да не се гледа.

„Станува збор за основните принципи на техниките на единечно јаже, техники на спасување и сите останати техники кои што се потребни за нуркањето“, додаде Неданоски.

Целиот текст прочитајте го на Сител.ком.мк