И покрај тоа што пред само 9 месеца, половично го изгубивме можеби единствено катче за одмор и рекреација, Велешкото езеро, кое беше опустошено од големиот пожар минатата година, продолжува негрижата од страна на велешани кон и тоа што малце остана на ова прекрасно туристичко место, кои сите ние како велешани се гордееме.

Наш верен читател ни испрати фотографии, сликани денес, од истоварен градежен шут на падините на ридовите околу езерото.

До кога ние како граѓани, ќе продолжиме да се однесуваме неодговорно кон животната средина.

Погледнете…

Ви прилог ви го објавуваме статусот на нашиот сограѓанин Сашко Ванов.

„Шетајќи по ридовите над езеро, во прекрасна природа зеленило и чист воздух, наидуваш на огромен куп градежен шут.. некој што градел или реновирал без тронка совест го искипал тракторот или тамчето во природа .. не знам колкави се казните за овакво нешто и мислам дека во овој дел треба да се работи многу повеќе.. другите земји имаат служба како комунална полиција .. униформирани без пиштоли како редари и за овакви работи.. може да се стави ред на се.. ако се сака само..НАЈСТРОГИ КАЗНИ И ОДЗИМАЊЕ ВОЗИЛО .

Setajki po ridovite nad ezero ,vo prekrasna priroda zelenilo i cist vozduh,naiduvas na ogromen kup gradezen sut..nekoj…

Gepostet von Sashko Vanov am Samstag, 25. April 2020