По вчерашната објава за мракот на главната улица на потегот од Трговскиот до игралиштето во Населбата Тунел на нашиот веб портал, утринава ни пристигнаа фотографии од расфрлени контејнери на сред улица на овој потег.

Ноќеска после полноќ точно кај касарната, контејнери биле оставени на сред улица од несовесни граѓани.

Непрегледноста од целосниот мрак, без улично осветлување, а вечерва и расфрлани контејнери на оваа улица е сликата од ова фреквентно место.