Во единствениот спот до сега направен на македонкската пејачката Katerinha која моментално живее во Берлин, Германија се најде и уникатната велешка спомен костурница.

Таа со своето музичко деби и светскиот видео запис ја заинтересира домашната но и целата европска публика.

Спотот за песната Trippin е снимен на 5 локации во поранешна Југославија, на места на кои преовладуваат споменици изградени во тоа време. Од тие локации две се во Македонија. Своето место покрај Велес го најде и славното Крушево.

Katherina е родена во Охрид, за потоа да се пресели во Струмица. Студирала на Економскиот факултет во Скопје, а на свои 20 години се преселува кај својата сестра во Берлин, каде што почнува поактивно да се занимава со музика.