Порпаротол на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека во текот на изминатото деноноќие, 21/22.05.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес нема лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период има девет нови регистрирани лица со Решенија за изолација, и тоа, сите во Велес, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 110 лица, од кои 105 во Велес, едно во Кавадарци и четири во Неготино, а со Изјава за самоизолација има две лица во Кавадарци.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.