Денес наутро околу 08.45 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе сопственост на МВР , управувано од Ѓ.Н.(46) од Велес и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(49) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата, со повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“, Х.Т.(48) од Скопје.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.