Во текот на вчерашниот ден во СВР Штип од страна на лицата Н.Р. (28) и З.Р. (49) од Штип било пријавено кривично дело “насилство“ извршено од Т.Ј. О.Ј. А.Ј. сите од Штип и С.О. од Велес.

Првично настанот бил телефонски пријавен во СВР Штип како нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица поради нарушени меѓусоседски односи.

Пријавените лица се лишени од слобода и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.