Два исти тикети, со различна сума на уплата и различно време се уплатени во уплатно место на SportLife во Велес. На прогнозерот или прогнозерите тие им донесоа огромна бруто добивка од вкупно 1 милион денари.  Погодени се пет меча со големи квоти.

Најмногу среќа на прогнозерите им донесоа головите кои ги постигна Федерико Кјеза од Фиорентина. Потребна беше победа на Виолетовите против Болоња и притоа да има барем четири погодоци. На полувреме беше 0-0 и потребен беше голем број на голови во второто полувреме за да се погоди прогнозата. Кјеза во 48-мата и 54-тата минута ја донесе Фиорентина во водство од 2-0 и го „оживеа“ тикетот, а својот хет-трик за потврда на победата од 4-0 Кјеза го заокружи во 89-тата минута.

 

Извор :