На 18.08.2020 околу 21.30 часот во СВР Велес било пријавено дека вработен во агенција за обезбедување, додека бил на работното место во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од Д.С. од Велес, кој не сакал да стави заштитна маска при влез во казиното.

Според пријавеното, Д.С. употребил и остар предмет, но лицето го одбило нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.