На 20.05.2020 во 08.00 часот на ул.„Втора Македонска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(59) од Велес бидејќи бил затекнат при извршување кривично дело „кражба“ и притоа се однесувал агресивно кон полициските службеници.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.