Во билтенот на СВР Велес, за изминатото деноноќие беа регистрирани 2 физички пресметки. Една од нив се случила во село Иванковци каде што четворица соселани физички се пресметале меѓусебно.

Втората тепачка се случила пред семејната куќа на Н.З (40) од Велес. Тој пријавил во полиција дека во 10.15 часот пред неговата куќа бил физички нападнат од Н.Т (47) исто така од Велес.

Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.