Вчера во попладневните часови се случила тепачка во Велес. Тепачката се случила на улицата 8ма Велешка а во неа учествувале четворица велешани. Од една страна на тепачката биле тројца велешани наспроти М.В од друга страна.

Во денешниот билтен на МВР стои дека на 13.05.2020 околу 18.30 часот било пријавено дека на ул.„8ма Велешка“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.К.(34), И.Ј.(37) и Б.З.(30) од една страна и М.В.(52) од друга страна, сите од Велес.

Од СВР Велес известуваа дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.