Вчера за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита на територијата на СВР Велес, казнети се вкупно 96 лица, и тоа, 57 во Велес, 19 во Кавадарци и 20 во
Неготино.

Во период 10/11.06.2020 год. има шест новорегистрирани лица со Решениe за изолација, сите се во Неготино, а со Изјава за самоизолација има четири нови лица, исто така, во Неготино.

Вкупно со Решение во изолација има 122 лица, од кои 68 во Велес, девет во Кавадарци и 45 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 66 лица, од нив 37 се во Велес, 19 во Кавадарци и 10 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.