Од Агенцијата за вработување на Република Македонија ги известуваат сите невработени лица дека сеуште е запрено редовното пријавување на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош), се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата и истото ќе биде оправдано.

Дополнително ќе известиме кога ќе продолжи редовното пријавување, и тоа преку смс пораки до невработените лица, на нашата веб-страна и преку социјалните медиуми.
Лицата на кои им престанал работениот однос, како и оние лица кои за првпат сакаат да се евидентираат како невработени лица, може да се пријават во надлежните Центри за вработување, велат од АВРМ.

Извор :