(ФОТО) - Илустрација

Утворо околу 07.00 часот на крстосница од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Луј Пастер“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило марка „Мерцедес“ со велешки регистарски броеви управуван од Д.Д.(50) од нас.Чашка и мопед марка „Томос“ со велешки регистарски броеви управуван од И.К.(56) с.Башино Село, при што, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и истиот е пренесен во болницата во Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот.